РЦУК – Скопје известува дека во 20:24 часот било пријавено дека на улицата Јордан Мијалков има огромно количество на вода и фекалии кои излегуваат од канализација.
Настанот е пријавен во ЈП Водовод и Канализација од каде велат дека ќе излезат на терен по завршување на претходниот настан.