Македонија

Тренчевска денеска ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правaта на детето во Женева

Тренчевска денеска ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правaта на детето во Женева

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Женева ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со  деца, детска проституција и детска порнографија.

Министерката Тренчевска е предводник на делегацијата на Северна Македонија во Женева во состав на претставници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за образование, здравство, правда и надворешни работи.

Тренчевска пред Комитетот за правата на детето во Женева ќе има обраќање денеска во попладневните часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни