Најмалку шест лица загинаа, а дури 16 се повредени откако автобуст полн со рудари кои оделе на работа, излетал од патот во западниот сибирски регион Камерово.
„Во близина на рудникот за јаглен возилото кое превезувало работници паднало од висина од околу осум до десет метри. Шест рудари загинале, а 16 се повредени“, се наведува во соопштението на руската сообраќајна полиција
Полицијата ги испитува причините за несреќата, а се претпоставува дека возачот загубил контрола на автобусот.