Попладнево нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот е на повеќе места низ Македонија. Во моментов, нестабилноста е најизразена северозападно од Скопската Котлина, потоа во делот меѓу Велес и Свети Николе, Штипско и во јужните делови од Пелагонија.
Облачните маси немаат изразено и јасно движење, но генерално се шират кон север и северозапад.
До среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.