Продолжуваме на терен заедно со граѓаните до целосно расчистување на штетите и последиците од невремето кое ја зафати нашата општина вчера.
Општинските работници се цело време на терен со сите расположливи ресурси вклучувајќи ја и механизацијата.
Ќе бидат отстранети сите дрва, гранки и останати предмети кои го попречуваат движењето на нашите граѓани.
Останува отворена телефонската линија 075 274 421 на која граѓаните можат да пријават проблеми од невремето.
Општинскиот кризен штаб ја следи целата ситуација, а во интезивна комуникација сме со Град Скопје и јавните претпријатија и службите.