Македонија

Фетаи очекува осудителни пресуди за Тачи и Мијалков во „Титаник 2“

Во завршните зборови, обвинителката Фатиме Фетаи побара осудителни пресуди за обвинетите во предметот „Титаник 2“, меѓу кои се и еск директорот на УБК Сашо Мијалков и претседателот на ДПА Мендух Тачи.

„Оправдано можеме да очекуваме осудителна пресуда за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, за поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев“, изјави Фетаи, барајќи затворска казна за сите обвинети.

„Тука се работи за атак на изборниот систем, настапило развлекувње на изборниот процес“, додаде Фетаи.

Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги искористил своите реални влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Фетаи смета дека поништување на гласањето е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку еп отребно нивниот кандидат да може да оди во втор круг, а Тачи, иако без законско право, го убедил Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни