Македонија

Комплетирана антикорупциска, ВМРО и ДУИ со доза сомнеж за проценка на кандидатите

„Гласаа вкупно 75 пратеници, „за“ гласаа 65 пратеници, 10 беа „воздржани“, а „против“ немаше. Констатирам дека Собранието ја усвои одлуката за именување на претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупција“, рече Џафери.

По една година, конечно избран претседателот и членовите на Комисијата за спречување корупција. Членовите положија заклетва пред собранискиот спикер, Талат Џафери, дека ќе го почитуваат Уставот и законите во Македонија. За претседател е избрана Билјана Ивановска, додека во комисијата ќе членуваат: Владимир Георгиев, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеновски и Шемси Салаи. Битката ќе ја водат со претседателските избори.

Еден од членовите призна дека е баџанак на собранискиот спикер, Џафери.

Нема ништо спорно во врска со новоизбраниот член Нури Бајрами, уверува пратеникот Мухамед Зекири.

ВМРО-ДПМНЕ беше „воздржана“, бидејќи како што рече координаторот на партијата, Никола Мицевски, имаат доза резерва околу начинот на бодување на интервјуираните кандидати. Сомнеж за начинот на проценка изрази и пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми. Новите членови на Антикорупциска имаат 5-годишен мандат и согласно новите овластувања ќе го следат претстојниот изборен процес во делот на финансирање на политичките партии.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни