Македонија

Средба на министерот Спасовски со шефот на Мисијата на ОБСЕ

Средба на министерот Спасовски со шефот на Мисијата на ОБСЕ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која на кого му завршува работниот мандат во земјава.

На средбата министерот Спасовски му се заблагодарил на амбасадорот Која за поддршката и одличната соработка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје со Министерството за внатрешни работи во многу заеднички успешно реализирани проекти, изразувајќи уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Како што соопштија од МВР, министерот Спасовски му врачил плакета од МВР на амбасадорот Која во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР. цр/са/

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни