Македонија

Морбилите ја земаа првата жртва, почина 6 месечно бебе од Куманово

Морбилите ја земаа првата жртва. 6 месечно бебе почина на Инфективната клиника во Скопје. Според лекарскиот извештај детето било во критична состојба и поради покачена телесна температура. Освен ова, ова бебе имало и проблеми со срцето и белите дробови.

Министерот за здравство упати повик до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи како што рече, тоа е единственото нешто што можеме да го направиме. Инаку од Институтот за јавно здравје известуваат дека двојно е зголемен бројот  на заразени од морбили.

Во меѓувреме уште две деца се наоѓаат во критична состојба. Тие се со сериозно воспаление на белите дробови, но сега за сега се надвор од животна опасност. Според податоците за јавно здравје, вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е околу 150. Последнава недела се пријавени 58 случаи на морбили во Скопје и 4 во други гардови, како Куманово, Тетово и Гевгелија кај кои не е најдена епидемиолошка врска со пријавените случаи во Скопје.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни