И во текот на денешниот ден, учениците и професорите од средното училиште “Марија Кири Склодовска“ ја бојкотираа наставата и не одржаа часови бидејќи за директор е назначен Албанец.
Против професорката по хемија, Филимина Каранфиловска која вчера изрази револт кон новиот директор на училиштето, реагираше невладината организација, Младинска Албанска Реформа. Од плоштадот Скендербег, побараа прекин на расистичките тонови и гневот изразен од професорката.
„Младинската Албанска Платформа го подигна гласот против македонските професори од средното училиште “Марија Кири Склодовска“ за нивните нелогични протести и шовинизми како “Ние не сакаме директор Албанец“. Ако тие продолжат вака, тогаш ние ќе почнеме “Не сакаме претседател или премиер Македонец“, вели Арбр Кадриу – претседател на МАР.
И еден поранешен ученик од училиштето “Марија Кири Склодовска“ ги осуди ваквите ставови. Ерблин Џафери вели дека кога тој учел во училиштето, постојано имало иницијатива да се спречат учениците Албанци да се запишуваат тука.
„Јас како поранешен ученик на училиштето барам да имаме еднакви права како нашите пријатели Македонци. Секогаш сме биле дискриминирани од нив. Ние бевме во помал број и тие секогаш водеа битка против нас, ни ја отежнуваа наставата со цел да си одиме од школото. Ние само сакаме да бидеме еднакви и слободни. Го осудуваме шовинизмот изразен на овие протести. Не сакаме идните генерации да се соочуваат со проблемите со кои се соочувавме до вчера“, изјави Ерблин Џафери – поранешен ученик.
ТВ21 го посети ова училиште и побара објаснување од професорите кои ја бојкотираат наставата, но тие не прифатија да зборуваат пред камера и ветија дека ќе пуштат соопштение до медиумите, нешто што до сега се уште не е стигнато.
Како што дознава ТВ21, во понеделник, директорот на училиштето Блерим Небиу ќе одржи прв состанок како директор кога ќе се обрати до групата револтирани професори.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ