Македонија

(ФОТО) Апасиев: Сега одиме на практична настава

(ФОТО) Апасиев: Сега одиме на практична настава

Викендов во Крушево, од 2-4 септември, во рамки на Левичарскиот институт „Рацин‘‘ се одржа првата идеолошко-образовна школа насловена како „Прва Левичарска Крушевска школа‘‘.

Во текот на трите дена одржаа предавања професори, адвокати и членови на Левица како Драган Пешевски, Билјана Ванковска, Јован Крајевски, Игор Радев, Лазар Фотев, Љубомир Ѓоревски, Амар Мециновиќ, Реџеп Исмаил, Александар Симонов.

Темите се однесуваа на политичката економија, начинот на функционирање на империјалистичката организација НАТО, историјата на комунистичкото востание, разликите меѓу западната и источната политичка философија и сл. Исто така се изведе посета на Македониумот и куќата – музеј на Никола Мартиноски, Музејот на НОВ кој моментално е затворен и со години чека реновирање од Министерството за култура.

Пред малку на Фејсбук професорот, Димитар Апасиев објави дека сега одат на практична настава, а на фотографијата во позадина се гледа поголемо количество на оружје од Втората Светска Војна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни