Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да бега и да распише предвремени парламентарни избори најдоцна до недела

СДСМ да престане да бега од граѓаните и да распише предвремени парламентарни избори најдоцна до недела. Република Македонија не смее повеќе да тоне само за да може Заев и картелот околу него да нижат милионски профити.

Секојдневниот криминал на улиците, запалените автомобили, грабежите и убиствата се резултат на неспобноста и криминогеноста на власта.

СДСМ нема капацитет да обезбеди јавен ред и мир и затоа граѓаните се постојано исплашени. Улиците не се сигурни. Криминалот станува пракса, а власта ништо не презема. Ова не може да продолжи. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава која може да ја гарантира нивната безбедност и безбедноста на нивниот имот. Со СДСМ на власт тоа не е можно.

Оваа власт целосно го деградираше правото и правната држава. Тоа се гледа и по уништеното судство и обвинителство, кои не одлучуваат согласно закон и устав, туку согласно диктатите на власта.

Држава во која полицијата не процесуира ниту еден случај на криминал, а обвинителството и судството се само политичка алатка на власта не може да оди напред.

Република Македонија не смее да продолжи да губи. СДСМ мора да си замине.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни