Македонија

Таблите со новото име Северна Македонија во наредните 7 дена

По ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на грчкиот Парламент следува спроведувањето на мерките и активностите што ги најави македонската Влада за извршување на обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Владата веќе формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Колку ќе чини целиот процес од Владата засега не откриваат, но велат дека тоа ќе се знае откако ќе зварши целата постапка.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни