Македонија

Филипче: Ќе се избере готов проект со кој новиот клинички центар би можел да се изгради за 4 години

Новиот Клинички центар кој ќе се гради во општина Ѓорче Петров има можност да биде готов за 4 години, а не за 10. Ќе се избере пакет на готов проект, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

доколку тоа го дозволува Законот за јавни набавки, можеме Клиничкиот центар да го имаме завршен за период од четири години. Доколку ги почнеме постапките поединечно, најпрво да тендерираме проект, па понатаму изведба, сигурно целата постапка ќе трае околу 10 години“, рече Филипче.

Министерот соопшти дека урбанистичкиот план ќе биде готов за два месеци, а дека во меѓувреме ќе се советуваат со три компании, едната од Германија, од Австрија и САД, кои имаат изградено над 800 болници во Европа и светот.

„Разговаравме да добиеме грант од австриска влада, германска влада, со цел да добиеме на време. Изградбата, според физибилити студијата, ќе чини до 480 милиони евра“ додаде министерот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни