Македонија

Царински службеници и зеле 3.000 евра на патничка од Косово при вршење контрола

На Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ од Стокхлом-Шведска допатувала A.B.P.E.(47) од Глоговац-Косово, а со место на живеење во Шведска.

По извршената пасошка контрола и проверка дозволен и бил влез во Р.Македонија, но во 13,15 часот од страна на вработен во безбедност на ТАВ, било пријавено дека таа сака да пријави настан на полициските службеници.

Од страна на A.В.Р.Е. било пријавено дека додека и била вршена контрола врз нејзиниот багаж од двајца царински службеници и биле земени 3.000 евра. Со пријавителката извршиле разговор и лица од Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.

Се работи на расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни