Премиерот Димитар Ковачевски заедно со тим од Владата меѓу кои и Министерот за економија Крешник Бектеши во вторник ќе бидат во Атина на разговори со тамошните власти за помош во врска со енергетската криза.
„Работната посета на премиерот Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика е за справување со последиците на светската енергетска криза“, информираа од Влада.
Претходно премиерот заедно со министерот за економија беа во Бугарија каде што договорија 200 мегавати струја за стопанството во Македонија.