Во јуни треба да се усогласи нашата законска регулатива со критериумите кои се бараат за членството во НАТО и преговорите со Европската Унија. Ја усогласивме законската рамка и не отстапивме од она што беше во нашата програма, за дополнителна заштита на социјално ранливите групи граѓани и заштита на некои други групи, да не им се блокираат сметките. Министерките Дескоска и Царовска денеска учествува на трибината „Фер општество – шанса за сите“, заедно со граѓани и граѓански здруженија во Штип . Се дискутираше и за придобивките на граѓаните од реформите, со кои се создава фер општество, се намалуваат разликите по било која основа и се повеќе пари завршуваат назад, кај граѓаните.
„Направивме листа и соодветен систем во кои лицата кои примаат помош не смеат да бидат блокирани за неплаќање на комуналните сметки и тука се ограничени трошоците за извршителите да не е поголем од 20 проценти“ Излезе новиот Тарифник, каде 16 ставки кои порано се плаќаа сега веќе немаат право извршителите да ги наплатуваат. Голем дел од другите трошоци се намалени за 50 проценти некои дури и повеќе, поради тоа што сметавме дека беа нереални приходите кои што ги добиваат извршителите“, изјави Министерката за правда, Рената Дескоска.