Свет

Најмалку 99 повредени во метробуси во Истанбул

Најмалку 99 повредени во метробуси во Истанбул

Најмалку 99 лица се повредени во сообраќајна несреќа на градски метробус во истанбулската област Авцалар, но нема жртви, изјави градоначалникот на градот, Али Јерликаја.

Несреќата се случила во самрак, во шпицот на јавниот превоз, пренесува БТА.

Два метробуси се судрија на една од постојките на метробус линијата кај Авјалар.

Два други метробуси, кои се движеле зад нив, се судриле со излетаните возила.

Причината за несреќата не е објавена. На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на брза помош, противпожарна и полиција.

На некои од повредените им е укажана помош на лице место, додека други се примени во локалните болници. Нема информации за жртви.

Сообраќајот на централниот пат од градот кон „Авјалар“ беше затворен неколку часа.

Метробусите се специјализирани долги автобуси кои сообраќаат по паралелната рута /специјален коридор/ на подземната железница /застануваат на метро постојки/ и ги поврзуваат европските и азиските делови на Истанбул.

Републичкото обвинителство започна истрага за причините за несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни