Свет

Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора во Велика Британија.

„Сè уште не ги знам деталите, но ќе одам“, изјави тој за новинарите.

Датумот на погребот не е потврден, но според АФП се очекува тој да се одржи на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон.

Бајден додаде дека се уште не разговарал со кралот Чарлс Трети.

„Го познавам… Не сум му се јавил“, рече тој.

Џо Бајден ја даде својата изјава за медиумите пред да се качи на Air Force One на меѓународниот аеродром Колумбус, Охајо, каде што требаше да одржи говор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни