Македонија

Проштална средба на Ахмети и Бејли

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети приреди проштален ручек за американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, кој од должност заминува во почетокот на месец март годинава.

Ахмети и Бејли направија ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период. Тие разменија мислења околу ДУИ и перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија.

Ахмети изрази благодарност до Бејли и неговата подржувачка улога за излез од кризата и чекорењето  кон евроатлантската интеграција и истакна дека кога и да се врати за да ја посети Македонија, амбасадорот Бејли ќе најде конак во неговиот дом и неговото семејство.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни