Свет

Кралот Чарлс III ја обиколува Британија за церемонии на жалост

Кралот Чарлс III ја обиколува Британија за церемонии на жалост

Премиерката Лиз Трас ќе го придружува кралот Чарлс Трети на обиколката на четирите краишта на Обединетото Кралство на церемониите на жалост за покојната кралица Елизабета Втора, изјави синоќа портпаролот на Даунинг стрит 10, пренесе Ројтерс.

Претходно вчера, Трус, која Елизабета ја назначи за премиер во нејзиниот последен јавен чин во вторникот, беше меѓу неколкуте високи пратеници кои се заколнаа на верност на новиот крал на специјална седница на Долниот дом. Покрај тоа, таа заедно со шестмина поранешни премиери, високи бискупи и неколку политичари присуствуваше на блескавата церемонија на која 73-годишниот Чарлс и официјално беше прогласен за крал на Велика Британија. Таа и другите високи министри потоа беа примени од кралот во Бакингемската палата.

Според портпаролот на Даунинг стрит 10, Лиз Трус ќе го придружува кралот, кој во понеделник попладне ќе ги води церемониите на жалост во Шкотска, во вторник во Северна Ирска и во петок во Велс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни