Шведска денеска гласа на парламентарни избори. Премиерката Магдалена Андерсон се надева дека ќе го продолжи осумгодишното владеење на нејзината Социјалдемократска партија.
Сепак, се очекува оспорена трка со конзервативната опозиција, чиј лидер Волф Кристер-Шон посегна до крајната десница.
За да влезат во парламентот со 349 места, партиите мора да ја исчистат бариерата од 4 проценти. Кој и да биде идниот премиер на Шведска, ќе мора успешно да ја донесе заедничката кандидатура на земјата и на соседната Финска за членство во НАТО.