Попладнево сега веќе поранешниот директор на Водовод, Златко Перински свика вонреден прес на кој се појави и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Арсовска изрази сериозни сомневања за обид на Перински да фаворизира една од компаниите со што би биле оштетени скопјани. Таа открива дека целата постапка директорот на Водовод ја водел нетранспарентно што вродило со сомнеж за криминал.
„Ние изразивме сомнеж бидејќи во изминатите месеци, ниту Град Скопје, ниту советот, ниту јас како градоначалник имаме добиено информација за во која насока се движат процесите врзани со избирање на најдобар понудувач за пречистителната станица. Притоа ова е проект кој се прави со европски средства и е во вредност од над 130 милиони евра. Кога имате една ваква постапка во која самите слушнавте можеле тогаш да се променат комисиите меѓутоа сега кога ние добиваме индиции дека лицата внатре работата нетранспарентно односно не известуваат за ништо што се случува таму во тој процес и откако бараме да се променат членовите во комисијата одненадеж и покрај тоа што промените на членовите во комисиите се регулирани во договорите со европските банки каде точно и определено се кажува дали можат да се сменат и што се случува во таков случај и се е тоа добро определено со соодветните договори“, вели Арсовска.
Според неа, тоа што директорот во случајот за еден ден си обезбедил претходна согласност, а во овој случај правеле преписки со европските банки притоа наведувајќи ги во која насока сакаат да биде нивниот одговор во конкретниот случај кај нив покренало сомнение дека нешто не е соодветно со она кое што треба да биде направено.
„И на крајот нетранспарентноста во целата постапка е она кое што ги покрена сите овие сомнежи. Ние како град Скопје нема да дозволиме со средства кои се обезбедени од Европските банки и се обезбедни од државата некој да си подигрува. Да процесот може да почне од ново. Процесот ќе биде јасен, јавен и транспарентен, сите скопјани да знаат на кој начин ќе се одвива постапката и како во тој процес ќе се одвива се, порача градоначалничката.