Свет

Канцеларот Шолц: Германија е подготвена за зима

Канцеларот Шолц: Германија е подготвена за зима

Германија е подготвена за зима и покрај намалените испораки на гас од Русија благодарение на мерките што во меѓувреме ги презеде владата во Берлин, изјави канцеларот Олаф Шолц во говорот по повод Денот на работодавачите во земјата, пренесе Ројтерс.

Според него, складиштата за гас во земјава се полнат над нивното ниво од пред една година и ќе бидат полни „до плафон“ пред почетокот на зимата. Надлежните обезбедија и залихи за да продолжат да ги полнат во студените месеци.

Евентуалниот прекин на струјата ќе се избегне со продолжување на животниот век на две нуклеарни централи во јужна Германија, посочи и канцеларката.

До крајот на 2023 година земјата ќе има доволно терминали за течен гас за да може преку нив да ја увезува целата потребна количина.

А Германија во иднина ќе развива сè повеќе проекти поврзани со водородот, кој според Шолц е „гасот на иднината“ и земјата е подготвена да го доведе овој сектор до вистински бум.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни