Свет

Еден милион луѓе со бесплатна карта за воз во Шпанија

Еден милион луѓе со бесплатна карта за воз во Шпанија

Голем број луѓе добија бесплатна картичка за патување со воз во Шпанија, објави Ел Паис.

Потврдени се над еден милион бесплатни претплати. Ова го соопшти шпанскиот премиер Педро Санчез.

Програмата беше воведена на почетокот на месецот.

Интересот е двојно поголем од првичните очекувања.

Картичката е добро прифатена од граѓаните. Нејзиниот ефект е четири месеци.

Се користи за приградски возови до големите градови како Мадрид, Барселона, Валенсија и Севиља. Ова треба да ја поддржи куповната моќ на шпанските граѓани.

Шпанија усвои сличен модел на оној што беше воведен во Германија, кој може да се продолжи и по новата година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни