Македонија има закони, но дали ќе има напредок во владеењето на правото ќе зависи од тоа колку тие доследно се применуваат, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа, Наташа Габер Дамјановска, прв човек на академијата за судии и обвинители и поранешна судијка во Уставниот суд.
„Да не постои различна примена или привилегирана категорија на граѓани за кои одредбите можат повремено да важат, да не важат целосно или да не бидат воопшто применети наспроти категоријата на други категории граѓани, да речам обични граѓани, за кои се применуваат доследно сите законски одредби дури и построго од она што реално би можело да се примени во одредени ситуации“, изјави Наташа Габер Дамјановска.
Ние имаме закони, ние имаме одредби, коишто би требало да бидат применети, прашањето практично е на самата примена, дали тоа се остварува во Македонија или не. Тоа е она што може да не прави различни во однос на еден претходен период и во кој правец треба да се придвижуваме.“