Македонија

Приведен малолетник во Скопје – крадел во автобус на ЈСП

Приведен малолетник во Скопје – крадел во автобус на ЈСП

Денеска (13.09.2022) во 07.00 часот во с.Волково-скопско, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров лишиле од слобода малолетник од с.Волково.

Тој се сомничи дека на 10.09.2022 во 23.15 часот во населбата Даме Груев во Скопје, во автобус на ЈСП, заедно со уште две лица со закана со остар предмет од В.Н.(19) од с.Орман одзел ранец со предмети.

Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни