Македонија

Владата ја назначи Рената Младеновска за в.д. директорка на ДСЗИ

Владата ја назначи Рената Младеновска за в.д. директорка на ДСЗИ

Владата на денешната седница за в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја назначи Рената Младеновска.

Младеновска на оваа позиција доаѓа од Центарот за јавно здравје – Скопје каде има повеќегодишно институционално искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија.

Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент.

Младеновска е авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството, а во соработка со повеќе меѓународни институции е активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни