Македонија

Извештај за фискална транспарентност: Според САД, Македонија ги исполнува условите

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави го објави својот годишен Извештај за фискална транспарентност, оценувајќи ги буџетите на 141 земја ширум светот за комплетноста, достапноста и доверливоста.

Според заклучоците од извештајот што го дистрибуира Стејт департментот, нашата земја ги исполнува условите за фискална транспарентност.

Извештајот проценува вкупно 141 земја ширум светот кои добиваат помош од Соединетите Држави, со што се осигурува дека средствата на американските даночни обврзници се трошат правилно.

Македонија спаѓа во колоната на една од 72 земји во светот кои ги исполнуваат минималните услови за фискална транспарентност, а други 69 не ги исполнуваат овие барања.

Во извештајот се наведува дека процесот на преглед на фискалната транспарентност за 2022 година проценува дали релевантната влада ги објавила јавните клучни буџетски документи, вклучувајќи ги расходите и приходите направени од министерствата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни