Денешната седница во Собранието се одвива зад два реда барикади на влезот на закондоавниот дом.
Полициската ограда тука беше вратена веднаш откако заврши одморот на пратениците.
Останува нејасно од што се плашат избораниците на народот и зошто има потреба да седат заклучени во Собранието.
„Храмот на демократијата, Собранието, затворено со два реда барикади.
Па добро бре, од кој се плашите, од што се плашите?
Нели имате поддршка од 75% од граѓаните, нели Македонија се движи во добра насока.
Неможе повеќе вака, нетреба повеќе вака!!!… “ – праша уште пред неколку дена пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски.