Македонија

Запалено возило во с.Крушопек – од пожарот зафатена и куќа

Запалено возило во с.Крушопек – од пожарот зафатена и куќа

На 14.09.2022 во 03.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Крушопек, општина Сарај, настанал пожар во патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.С.(25) од с.Крушопек, патничко возило „даеву тико“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.С.(54) од с.Крушопек, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(35) од с.Крушопек и мотоцикл без регистарски ознаки.

Од пожарот бил зафатен и ѕидот и влезната врата од куќата на Б.С.(37), пред која биле паркирани возилата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни