Андреј Стојановски, член на ИО на СДСМ Битола, денеска на прес конференција посочи дека Претседателот на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие Пазари се самовработил во претпријатието кое требаше да го контролира.
Тој додава дека в петок на Седница на Совет ќе биде разрешен од функцијата оти не можи во исто време и да биде вработен во Пазари и Претседател на Надзорниот одбор.
„Ова е само еден пример за тоа како ДПМНЕ и нејзините функционери работат. Ништо друго не ги интересира освен да си го наполнат џебот.
Претпријатието кое беше пример за цела Македонија, ДПМНЕ успеа за нецела година да го претвори во генератор на скандали и афери. Предупредувавме дека директорката на Пазари е неспособна и недорасната за функцијата што и се потврди со нејзиното разрешување. Новиот директор е зет за ќерка на лидерот на ПОДЕМ, Живко Јанкуловски, коалицискиот партнер на ДПМНЕ, донесен во Пазари од омилениот бизнис партнер на Коњановски и ДПМНЕ. Ќе понесе ли тој одговорност што го вработи Претседателот на Надзорниот одбор на истото претпријатие?
Незаконитоста, хаосот и криминалот се вратија во јавните претпријатија со враќање на ДПМНЕ на власт во Битола. А, Пазари е релативно мало претпријатие за апетитите на опозициската партија. Може да претпоставите, почитувани граѓани, што се случува во Нискоградба, во Комуналец. За Водовод наскоро ќе обелодениме скандали кои нема да завршат само со прес конференција.
На Битола и се случува нов грабеж во режија на ДПМНЕ. Јавните претпријатија се пред колапс не заради струјата, туку заради аздисаноста на директорите. На крајот, цехот ќе го платата граѓаните оти прашање на време е кога ќе се зголемат сметките за вода и за ѓубретарина“, вели Стојановски.