Ѓорѓи Филипов, екс амбасадорот на Македонија во неколку земји, е новиот кандидат за претседател од редовите на СДСМ. Филипов во минатото беше амбасадор на Македонија на Берлин, Виена, Јапонија и Словачка.
ТВ21 денеска разговараше со Филипов кој ја потврди информацијата.
„Поднесов кандидатура на повикот на СДСМ за претседател на Република Македонија. Очекувам СДСМ да ги разгледа сите кандидатури, и да донесе правилна одлука“, изјави меѓудругото новиот и прв кандидат за претседател од редовите на СДСМ.
Конечната одлука за претседателскиот кандидат на владеачката партија, ќе биде донесена на Конгресот на 3. март.