Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во изјава за медиумите рече дека директорите на јавните претпријатија за кои таа побара или да поднесат оставка или да ги разреши вработувале партиски војници.
„Ние тој податок не го знаевме додека не им најавивме дека ќе влеземе да правиме ревизија на овие вратовувања, затоа што имавме индиции дека во овие вработувања има лица кои не се појавуваат на своите работни места, а земаат плата“, рече Арсовска.
Околу 100 вработени во ЈП Водовод и канализација – Скопје од утре ќе останат без работа, затоа што на истиот датум им истекуваат договорите.