Македонија

Рекорд: Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ ноќеска 10 часа зборуваше во Собранието

Рекорд: Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ ноќеска 10 часа зборуваше во Собранието

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменковска Трајковска го урна македонскиот рекорд на говор во Собранието откако до рано утрово зборуваше во Комисијата за избори и именувања на седницата на која требаше да се избере актуелниот републички Јавен обвинител за Уставен судија.

Таа говореше повеќе од 10 часа за да го закочи изборот на Јовески. Некаде по полноќ седницата беше прекината и нејзиното продолжение во собраниската агенда е закажано за денеска во 10:30.

Претходно, оваа комисија ги одби сите предлози кои ги достави опозицијата за нови уставни судии, а ги прифати сите предлози кои ги достави мнозинството, со исклучок на Јовески за кого дебата се уште трае.

Уставниот суд во моментов има само 5 судии, а му фалат уште 4 за да се комплетира.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни