Од Министерството за култура денеска информираат дека во просториите на Министерството избило мал пожар, кој веднаш бил изгаснат од вработените со ПП апарат.
Според протоколите за работа сите вработени од Министерството биле евакуирани навремено.
Повикана била и Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета.
„Кога ќе имаме дополнителни информирмации ќе ја информираме јавноста“, велат од Министерството