Таблите со новото име Република Северна Македонија кои ќе бидат поставени на граничниот премин Меџитлија, се веќе пристигнати во битолската царина, дознава ТВ21.
Тој граничен премин, заедно со другите кон Грција, ќе бидат меѓу првите на кои ќе бидат поставени новите ознаки со новото име на државата. Потоа следуваат сите ознаки на државните институции.
Менувањето на таблите се очекува по пристигнувањето на вербалната нота од Грција, и објава во Службен весник, со што и официјално ќе може да бидат поставени таблите и да биде сменето името во сите државни институции.
Ј. Пауноски