Македонија

СДСМ: Влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ за ВМРО-ДПМНЕ било обесчестување, не, тоа е историскиот успех

„За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ било обесчестувањеи обезличување на државата.

Не. Антизападните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со историскиот успех на Македонија.

По години изолација, уназадување и поделби, Македонија денес е горда исправена, рамноправна со целиот демократски свет.

Потпишан е Протоколот за пристапување во НАТО, отворен е патот за почеток на преговори со ЕУ, обезбедена е сигурна и безбедна иднина за државата и нејзините граѓани. Наспроти лагите на ВМРО-ДПМНЕ, согласно уставните измени и усвојувањето на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Грција, започната е реализацијата на точките од Договорот од Преспа и новото уставно име на државата кое ќе биде Република Северна Македонија.

Наместо празни обиди за да го девалвираат историскиот успех, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се подготват за пораз на какви било избори.“, се вели во соопштението на партијата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни