До крајот на денот, за време на вечерните и ноќните часови, како и во текот на утрешниот ден, во поедини места од земјава (претежно во северозападните делови) се очекува локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и во форма на невреме.
Од Центарот за управување со кризи предупредуваат дека доколку поројните врнежи просторно се сконцентрирани во некои од градските урбани средини, можни се локални, изолирани проблеми во населените места, а исто така можно е и зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава.
„Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, како и низ урбаните средини каде се можни локални краткотрајни но интензивни врнежи од дожд во попладневните и вечерните часови на денов“, велат од ЦУК.