Македонија

На само еден километар од центарот на градот, улица во Топанско без канализација и тротоари

Топана e една од најстарите населби во Скопје. Иако оваа улица е доста фреквентна, сепак нема тротоари, нема ниту канализација. Отпадните води минуваат низ овој канал.

„Живееме во 21 век и навистина е катастрофа да се живее во условите кои можете да ги видите и вие самите. Тука има канал, и од таму кај каналот, отпадните води се слеваат во канализацијата. Таму има канализација и таму одат отпадните води.“, изјави Рамадан Бекири, жител на населбата Топанско Поле.

Од Општина Чаир велат дека во поголемиот дел канализационата мрежа веќе е регулирана.

„Во населбата Топанско, досега во најголем дел ја регулиравме фекалната канализациона мрежа, која беше во катастрофална состојба. Што се однесува до атмосферската канализација, при крај сме со проектот, кој наскоро ќе биде ставен во функција“ – Општина Чаир.

 Освен недостиг на тротоари и канализациона мрежа, дополнителен проблем е и ѓубрето. Отпадоци има насекаде. Директорот на Комунална хигиена, Абдуљсамет Шабани, постави контејнери на разни локации во населбата. Тој побара од општинскиот Инспекторат да биде повнимателен бидејќи ќе се прават чести контроли.

„Го повикуваме Инспекторатот да биде повнимателен бидејќи од денеска Комунална хигиена почнува да ги чисти сите црни точки во Скопје. Меѓутоа, истовремено апелираме да се крене свеста кај граѓаните и да не фрла отпад насекаде“, изјави Абдуљсамет Шабани, директор на Комунална хигиена.

Оваа населба се наоѓа само еден километар од центарот на Скопје, а населението главно е сочинето од ромската заедница.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни