Македонија

Села: Иднината на Алијанса за Албанците не е во прегратка на македонска политичка партија

Села: Иднината на Алијанса за Албанците не е во прегратка на македонска политичка партија

Претседателот во оставка на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска пред почетокот на партиското Централното собрание, истакна дека Алијанса за Албанците е автономна партија која никогаш својата иднина ја нема пресметано како припојување или во прегратка со некоја македонска политичка партија.

„Алијанса за Албанците е автономна партија и никогаш својата иднина не ја има рачунато како припојување или во прегратка со некој од македонските политички партии. Друга е работата кога треба да се седне и преговара за да се формира некое мнозинство“, порача Села.

Тој додаде дека партијата е сплотена.

„Пратениците се сплотени и спремни за да ги носат напред тие обврски кои ги имаат земено при последните парламентарни избори“, вели Села.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни