Македонија

ФОТО: Градоначалникот Пецаков доби пица со својот лик

ФОТО: Градоначалникот Пецаков доби пица со својот лик

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков на подарок доби пица со својот лик.

Пецаков на својот Фејсбук профил сподели фотографии од пицата.

„На мое големо задоволство денес остварив средба со Дејан Трајанов – Чеде ( Dejan Trajanov-Cede ) , кој на „Гастро туристичкиот фестивал“ 2022 година освои златен медал во категоријата на подготовка на пица и сребрен медал во категоријата за подготовка на паста и златен медал за апсолутен победник. Му честитам за постигнатиот успех. Општина Охрид ќе го поддржи за претстојниот наптревар во Република Бугарија, кој треба да му ги отвори портите за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој се одржува во Италија“, посочува Пецаков.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни