Не траеја долго честитките до новите членови на Антикорупциска комисија. Всушност по нивниот избор почнаа реакциите во врска со сомнежот за непотизам и кршење на процедурите. По изборот за член на комисијата, Нури Бајрами стана протагонист во коментарите на личности од јавниот живот и медиумите. Главниот збор беше “баџанак“!
„Во конкретниот случај се крена голема врева, на хипотетички начин се драматизираа нештата толку многу што мене не ми се даде можност да објаснам до крај. Оцрнувањето со непотизам од почеток беше многу штетно бидејќи беше хипотетички и не беше водено сметка дека овој пат не стануваше збор за избор зад затворени врати.
Јас не сакав да негирам дека сме сватови, туку едноставно сакав да кажам дека и порано тие што ме познаваат како личност, уште од денот на назначување кога станува збор за Антикорупциска, не сум близок, нема да бидам, нема да имам пријател или пријатели, тоа е гарантирано, и гарантирам јавно дека сум човек кој не паѓа под влијанија во тој правец“, изјави Нури Бајрами, член на Антикорупциска комисија.
Нури Бајрами излегува дека дал свечена заклетва пред баџанакот при преземање на должноста. Тој инсиситира дека неговата далечна роднинска врска со претседателот на Собранието, Талат Џафери, не е поврзана со новата функција која ја добил на конкурс.
„Конкурирав на овој оглас бидејќи за прв пат во Македонија имаме јавен оглас каде постапката ќе се реализира јавно. Начелото на еднаквост подразбира дека никому не му се одзема правото да конкурира слободно на секој јавен оглас и никаде во ниту еден оглас и закон нема да го најдете начелото за блискост, бидејќи не може ни да се вметне“ рече Нури Бајрами, член на Антикорупциска комисија.
Како поддршка на аргументот на Бајрами, излезе министерката за правда. Рената Дескоска дури вели дека нема никаков доказ за преминување на надлежностите при изборот на новите членови на Антикорупциска комисија.
РЕПОРТЕРКА: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ