Новиот В.Д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска на прес конференција по Централното собрание на партијата посочи дека договориле вонреден конгрес на партијата на 17 декември оваа година.
Тој додаде дека на собранието била констатирана и оставката на сегавеќе поранешниот лидер Зијадин Села.
„Најважно за мене и за нас сите е дека подолготрајната дискусија излегуваме заеднички, сите заедно во понатамошната политичка битка, сите пратеници и сите градоначалници. Се надевам дека Алијансата за Албанците ќе продолжи да биде надежда на повеќето Албанци и граѓани на Македонија кои ќе ги донесат промените во албанскиот блок“, порача Таравари.