Македонија

Дескоска: Не гледам ништо спорно или против законски за избор на новите членови на Антикорупциската комисија

По изборот на Нури Бајрами за член на Државната комисија за корупција, баџанакот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, се појавија реакции во јавноста. Министерката за правда Рената Дескоска во врска со оваа реакција  денеска изјави не гледа ништо спорно или против законски.

Според неа, ако се гледа правнo, роднинските врски со овој степен не се опфатени.

„Јас не гледам никакво прекршување на законот во постапката за избор новите членови на Антикорупциската комисија, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска во врска со реакциите во јавноста за изборот на Нури Бајрами за член на ДКСК, кој е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери.“

Останува на ДКСК, како што посочи Дескоска, дали ќе си ја врши работата совесно, чесно и така како што е пропишано со законот.

„Да оставиме време на новиот состав на Антикорупциската комисија да почне да работат и од тоа ќе се цени дали бил направен вистинскиот избор или било нешто друго во позадина, рече Дескоска и додаде дека сега тие имаат и нови надлежности – ќе ценат јавни набавки, финансирање на политички партии, изборните кампањи“, додаде министерката Дескоска.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни