Македонија

Руси се виновни што доцни изградбата на автопатот Скопје-Блаце, вели Груби

Руси се виновни што доцни изградбата на автопатот Скопје-Блаце, вели Груби

Првиот вицепремиер Артан Груби вчера вечер во гостување на ТВ21 рече дека причината зошто доцни изградбата на автопатот Скопје-Блаце е тоа што компанијата што го добила тендерот за надзор на автопатот е поврзана со Русија и со банки од Русија.

„Тендерот беше објавен, две компании се пријавија, една беше хрватска компанија, а другата американска, но таа не ја поднесе соодветната документација и беше диксвалификувана, па остана само хрватската фирма. Во периодот во кој требаше да ја приложи банкарската гаранција, компанијата не успеа да обезбеди 2,7 милиони евра за банкарска гаранција, за да ги почне преговорите со „Бехтел“. Кога проверивме, откривме дека хрватската компанија е во руска сопственост. Во нејзиниот одбор на директори седат Руси кои се поврзани со државата Русија. Тие ги имале сите средства во руска банка и не успеале да ги префрлат“, рече Груби.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни