Погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделникот го следеа повеќе од 26 милиони гледачи во Обединетото Кралство, објавија медиумите на ПА.
Ова е една од најголемите телевизиска публика во историјата на оваа земја. Според податоците на рејтинг агенцијата „Барб“, 26,2 милиони луѓе ја следеле погребната церемонија на сите телевизии.
Најгледаниот настан во Британија останува погребот на принцезата Дијана во септември 1997 година. Во тоа време имало 32,1 милиони гледачи, вклучувајќи 19,3 милиони на BBC и 11,7 милиони на ITV.
Погребот на Елизабета Втора, исто така, имаше помал рејтинг од телевизиското обраќање на поранешниот премиер Борис Џонсон во март 2020 година, во кое тој го најави првото заклучување поради инфекцијата со Ковид. Сè уште се рангира меѓу најгледаните настани, пред отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година и финалето на Евро 2020 во јули 2021 година.