Македонија

Џафери од Словенија: Се надградува здружена Европа

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на своето обраќање пред пратениците во Државниот Збор на Република Словенија истакна задоволство што се обраќа пред вистински пријатели со кои споделуваме заедничка историја.

„Ова наше пријателство кое се темели пред сè на меѓусебна почит како и на споделување на оние темелни вредности и принципи врз кои денеска е втемелена и се надградува здружена Европа, се покажа и се потврди вчера и денеска претпладне за време на работните средби.“, истакна Џафери.

Тој накратко се осврна на состојбите во Македонија соопштувајќи дека врз основа на таканаречениот Преспански договор, потпишан од владите на сега веќе Република Северна Македонија и Грција се надмина скоро три децении долгиот спор околу уставното име на државата. Спор кој ја блокираше Македонија во нејзините стратешки определби, односно полноправното членство во НАТО и ЕУ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни