Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир денеска истакна дека процесот на скринингот што започна на 15 септември со Европската комисија, се одвива позитивно со голем ангажман од делегацијата на Република Северна Македонија.
Според него, тоа е долг процес кој бара вклученост од сите министерства.
„Процесот на скрининг започна на 15 септември. Има голема делегација од Република Северна Македонија, која е во Брисел. Се разбира дека тој процес почна од страна на Европската комисија со објаснувања во врска со стандардите и барањата коишто вашата земја треба да ги исполни се со цел да стане земја членка на ЕУ, така што се оди позитивно. Навистина има голем ангажман и голема вклученост од делегацијата на Република Северна Македонија“, изјави Гир во Тетово каде присуствуваше на започнувањето на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“.