Македонија

СДСМ потрошилe 16.000 евра за билборди против Мицкоски

СДСМ потрошилe 16.000 евра за билборди против Мицкоски

СДСМ потрошил 16.000 евра за низ Скопје да бидат поставени билборди со ликот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на кои пишува:„Пари, тендери, кој е шпицен градоначалник?!“.

Билбордите во градот се поставени откако започнаа меѓусебните обвинувања помеѓу Мицкоски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Станува збор за закупени 25 рекламни паноа во екот на јавната војна што се водеше меѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, партија којашто ја поддржа нејзината кандидатура.

– За вистината којашто скопјани многу добро ја знаат, а СДСМ ја покажа на 25 билборди, партијата не користеше буџетски средства туку свои извори на финансирање, членарина и донации.

Согласно Законот, партиите се финансираат и од чланарина и од донации. Сумата за билбордите е во рамките на можностите на партијата, околу 16 илјади евра (помалку од 1.000.000 денари), велат од СДСМ за „Фокус“.

Билбордите се во сопственост на компанијата „Акцент медиа“ на Филип Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни